logo
logo
logo

НЕКОИ ЧЛЕНКИ БАРАА ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ НАМЕСТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ, рече Мицкоски од самитот Конкордија

Vecer | 22.09.2026

НЕКОИ ЧЛЕНКИ БАРАА ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ НАМЕСТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ, рече Мицкоски од самитот Конкордија

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати пред престижниот самит Конкордија во Њујорк, кој се одржува паралелно со Генералното Собрание на Обединетите Нации. Во своите забелешки на панел дискусија со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили, премиерот Мицкоски се осврна на пречките на евро-интегративниот процес и обидите на земји-членки на ЕУ да го искористат за менување на македонскиот идентитет. Според премиерот, се слушаат и позитивни пораки од Брисел.

Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. И за жал, поради некои вештачки причини, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој камен-темелник. Во меѓувреме фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки: го сменивме знамето, Уставот го сменивме неколку пати, дури го сменивме и уставното име, и сето тоа ни изгледа како приказна без крај. Но, како и да е, ние веруваме во европските вредности и ќе продолжиме така, за конечно да најдеме излез од оваа заклучена ситуација во која се наоѓаме сега. Очигледно мораме да чекаме, но не само што чекаме, туку и правиме нешто. Се градиме и развиваме, рече премиерот.

За нас, за мојата генерација, преговорите со ЕУ беа еден вид начин да се променат институциите, а не да се промени идентитетот. За жал, има некои земји членки кои се обидуваат да решат некои билатерални прашања и не да ги променат нашите институции, туку да го променат нашиот идентитет. И ние сме жртва на еден вид малтретирање: или сте внатре или сте надвор, а ако сакате внатре, мора да го проголтате она што го бараме од вас. Но тоа е опцијата и нема подобра опција за мојата земја. И бидејќи нема подобра опција, подготвени сме да одиме напред и да најдеме излез од оваа ситуација, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk