За незаконско поставување на скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга, а беше поставено на општинската зграда, Рамиз Мерко помина со парична казна од 5.000 евра. Иако мермерната плоча, испишана само на албански јазик, пет месеци беше поставена на влезот од општината, контроверзниот струшки градоначалник денес пред судот тврдеше дека воопшто не бил поврзан со поставувањето на истата. Иако за да оди на работа секојдневно минувал низ влезот, нејасно е како не ја видел и како може некој на туѓ имот да поставува споменици. Мерко сведочеше дека за обележјето дознал дури кога дошле државните инспектори од Министерството за култура.
„Воопшто немав врска со поставувањето на некаква плоча на општинската зграда. За ова пред мене се изјаснаа од Здружението на албански пензионери, тие ја поставиле на Денот на албанската азбука. Тоа е свечен ден за идентитетот на Албанците не само во Македонија, туку секаде каде што постојат. Навреда е ако некој се меша во таква ситуација“, изјави Рамиз Мерко.
Плочата е поставена на зградата на општината, која ја претставува обвинетиот како тогашен градоначалник, истакна пред предметниот судија при изрекување на пресудата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата