Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави интензивна реализација на повеќе инфраструктурни проекти во главниот град, при што очекува до Нова година да бидат завршени три значајни проекти – Момин Поток, дел од булеварот „Борис Трајковски“ и мостот на Љубљанска.
Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Ѓорѓиевски рече дека редовно во вечерните часови излегува на терен со своите соработници за да ја следи динамиката на градежните работи.
Кај Момин Поток, според него, веќе има сериозен напредок. Еден од мостовите е целосно бетониран, а се подготвува бетонирањето и на вториот мост над реката Серава. Асфалтирањето на првиот мост би можело да започне откако ќе заврши периодот потребен за зреење на бетонот.
-До Нова година овие три проекти ќе бидат завршени, најави Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата