logo
logo
logo

Девник

Латас: ПРОГОНУВАШ СРБИ И НИВНА МУЗИКА ПА СЕ АКАШ ДО ДУБАИ КАЈ ХАРИС ЏИНОВИЌ!

Vecer | 12.09.2026

Латас: ПРОГОНУВАШ СРБИ И НИВНА МУЗИКА ПА СЕ АКАШ ДО ДУБАИ КАЈ ХАРИС ЏИНОВИЌ!

Ставрно имам сочувство за менталната магла во СДСМ и нивното вежбање самоуништување и се трудам да не им отежнувам во таа агонија но, не може баш секогаш да се биде воздржан и сочувствителен.

Сега ќе палат незадоволство во јавноста зошто Весна минстерката укинувала сексуално образование кое за нив е врв на едукацијата за младите. До толку врв што имаа и практични вежби за пози, формирање врски помеѓу млади од ист пол, причини и упатства за промена на полот и тие такви филмови.

Се што придонесува да се има помалку деца, помалку бебиња. Дополнително, нивната влада трошеше над милион евра државни пари секоја година за донирање бесплатни кондоми.

Знаеле пубертетлиите се од математика, физика, географија (историја не - тие ја укинаа)... ама слабо стоеле со сексот и затоа мора да го учат во школо. Тие претходно, нивните татковци и мајки, баби и дедовци пошто беа сексуално ненаучени имавме по 35-40.000 бебиња годишно во Македонија. Сега, откако сексуално се просветлија имама само 15.000 новородени.

А од друга страна владата, секако само влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, била виновна што имаме се помалку бракови и се помалку новородени, бебиња, во Македонија.

Изгледа е вистина тоа што се збори дека големи количини од непродадената марихуана на Заев е оставена во Штабот на Бихаќка и се чури до последен здив. Тие, поимотните, шмркаат кокаин и кога беа државни функционери, и сега кога се на функција во СДСМ. Им останало од полициските депоа кога Фрчковски беше министер, па го снема “белото“. Кокаинот нема рок на употреба. А Фрчковски на децата не им остави ништо, или сепак оставил нешто од депото? Сепак да.

И, како такви, фураат антисрпски наратив силно напнати да ги решат политиките во Србија додека дома се играат софиска политика. Погледнете за кого работат: споредете ги постовите на бугарските портали овде како Трибуна, Вестимак.мк или Вардарски - иста содржина, исти зборови, ист наратив... Нивните соопштенија и пресови се препишани од Бугарите.

Врв е акцијата на СДСМ да се забрани српска музика и српски пејачи во Македонија. Веќе видено од времето на Доста Димовска која, освен тоа, забрани и српски весници овде, што е еквивалент на нивните барања за забрана на српски медиуми во нашата држава. Да се забранат вести или забава во време на интернет! Доста ја избркаа од ВМРО ДПМНЕ, исто како и нивниот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски.

Патем, не се бара прогон на турбо фолк и трап фолк од Босна и Црна Гора како Јала брат и Буба Корели, Селма Бајрами, Халид, Сека Алексиќ, Шако Полумента... А ни Дино Мерлин не е далеку од турбо фолк. А што е со албанскиот турбо фолк во Македонија, знае ли некој?

Нечија музика по национален основ во Европа не е прогонувана од Хитлер наваму. Дури ни во Хрватска.

А за тоа време Заев и Филипче во Дубаи лудуваат на свирка кај Харис Џиновиќ. “Хвали море, држ‘ се брега...“ е работава.

Ете, тоа е последица од ментална магла. Магла од чад од марихуана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk