Артан Груби деновиве треба да излезе од домашниот притвор за случајот со Државна лотарија, а за враќање на пасошот понуди 336.000 евра.
Прашањето кое си го поставија граѓаните е од каде тој ќе понуди 336 илјади евра, кога како функционер пријавил стан од 115м2 проценет на 100 илјади евра (869 евра квадрат), стар Цитроен Ксара 2001-ва година автомобил проценет на 1.000 евра, денарски депозит од 138.000 денари и 140.000 денари на платежна картичка, 16.000 евра од некаква легализација на објект и 30.000 евра од продажба на друг стан. Вкупно, има околу 155 до 156.000 евра од она што го пријавил.
Кусокот од имотната состојба на Груби е 180.000 евра за гаранцијата која ја дава за да си го врати пасошот.

Граѓаните се загрижени за него, прашуваат прво, каде ќе патува Груби, но го жалат и натаму се грижат како пустиот ќе патува ако ги даде сите свои пари за гаранција за пасошот, на страна дополнителните 180.000 евра потребни освен неговиот имот да ја достигне цифрата од 336.000 евра.

Други прашуваат, кој ќе му даде на Артан 180 илјади евра за гаранцијата? Ќе земе ли кредит или некој ќе му ги дополни и даде?
Можеби истиот оној комшија кој додека беше на власт му даваше да го вози ултра-скапото и ново Ауди А6 од само 80.000 евра и кое во меѓувреме му го запалија, констатираат силно загрижените граѓани…
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата