Првиот снег нема да ги изненади екипите на Зимската служба на Град Скопје. Подготвени се 18 возила, но и екипите за дејствување.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вечера беше во посета на пунктот на службата за зимско одржување на скопските сообраќајници.
-Обезбедени сме со големи резерви на сол, сите ресурси ги имаме. Подготвени сме, треба граѓаните нормално да функционираат, истакна Ѓорѓиевски при посетата на пунктот на Зимската служба.
Нагласи дека во постојан контакт се со УХМР, подготвени да дејствуваат уште пред да падне првиот снег.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата