logo
logo
logo

ДВА ОГРОМНИ ДУШЕКА ОДНЕЛ ДА ГИ ФРЛИ НА ГАЛИЧИЦА! Мизерија во охридско

Vecer | 13.10.2026

ДВА ОГРОМНИ ДУШЕКА ОДНЕЛ ДА ГИ ФРЛИ НА ГАЛИЧИЦА! Мизерија во охридско

Два душеци со големи димензии биле оставени покрај обичен контејнер на патот кон селото Велестово, на територијата на Националниот парк „Галичица“.

Според објавата на порталот „Охрид1“, кој добил фотографии од читатели, на нив се гледа автомобил со повеќе душеци врзани на покривот. Возачот ги оставил двата душеци во близина на контејнерот и заминал, наместо да ги предаде на соодветен начин.

Ова не е изолиран случај во Охрид. Стари душеци, мебел, гарнитури и градежен отпад често се оставаат покрај улици, на јавни површини и во зелени појаси. Сега ваков отпад е оставен и во границите на национален парк, подрачје од особено значење за заштитата на природата.

Проблемот е дотолку поголем што ЈП „Охридски комуналец“ има објавено календар за бесплатно подигање кабаст отпад, па граѓаните имаат можност да го отстранат стариот мебел на соодветен начин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk