logo
logo
logo

СИТЕ 22 ПОЖАРИ СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА - Утрово мирна состојбата низ државата

Vecer | 05.08.2026

СИТЕ 22 ПОЖАРИ СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА - Утрово мирна состојбата низ државата

Изгаснати се сите 22 пожари на отворен простор што беа регистрирани во изминатото деноноќие, а утрово во државата нема ниту еден активен пожар. Според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, заклучно со 7,30 часот, не се евидентирани активни пожари, по што укажува на целосно стабилизирање на состојбата.

Меѓу изгаснатите се пожарите во општините Чучер Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Тетово, Желино, Кавадарци, Куманово, Центар, Арачиново и Гостивар.

Пожарите зафатиле ниска вегетација, сува трева, грмушки, депонии, како и делови од деградирана шума, а надлежните служби успеале да ги локализираат и целосно да ги изгаснат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk