ЈАВНА ПОФАЛБА ОД ГРЧКИ МИНИСТЕР ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

Vecer | 23.11.2026

ЈАВНА ПОФАЛБА ОД ГРЧКИ МИНИСТЕР ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгијадис, во интервју за i24NEWS, даде директна и отворена пофалба за соработката меѓу грчките служби за безбедност и нивните македонски колеги.

Соработката меѓу Грција и Македонија во случајот со петмина уапсени ирански терористи доведе до ретка јавна поддршка на грчки висок владин претставник за соработка со Македонија.

Прашан за наводен ирански заговор, за кој i24NEWS објави дека бил спречен во Грција, Георгијадис ја пофали грчката полиција за соработката со израелскиот Мосад и со властите во Македонија.

Георгијадис зборува за случајот со израелски бизнисмен поврзан со проширувањето на „Железната купола“ кпј бил цел на наводен ирански обид за атентат.

Тој изјави дека европските влади треба сериозно да ја сфатат заканата што ја претставува иранската ракетна програма.

Во другиот дел од интервјуто Георгијадес кој е голем поддржувач на Израел, вели дека Израел не успеал да ја убеди западната јавност во исправноста на својот пристап во војната во Газа.

„Сакам да бидам најголемиот про-израелски политичар во светот“, изјави Георгијадис за време на посетата на студиото на i24NEWS во Израел. „Но, ја изгубивте пропагандната војна.“

Георгијадис изрази уверување дека израелската војска се обидела да ги ограничи цивилните жртви, посочувајќи на пораките за евакуација испратени пред нападите. Тој оцени дека неуспехот на Израел да ја пренесе својата верзија на настаните „отворил голем простор за нов бран антисемитизам на Западот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk