logo
logo
logo

БРОЈКИТЕ СЕ ЈАСНИ: Сега за 70% расте просечната плата месечно повеќе, а пензиите за 325% споредено со владите на СДСМ

Vecer | 19.08.2026

БРОЈКИТЕ СЕ ЈАСНИ: Сега за 70% расте просечната плата месечно повеќе, а пензиите за 325% споредено со владите на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски говорејќи околу економската состојба во државата, истакна дека доколку се направи компаративна анализа помеѓу владите на СДСМ и ДУИ и сегашната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ како коалициони партнери, се доаѓа до заклучок дека просечната плата сега расте за 70% месечно повеќе, а старосната пензија е за цели 325% побрзорастечка на месечно ниво споредено со претходната влада.

„Просечната плата, ако анализирате 84 месеци влада на СДСМ и ДУИ... Кога велам 84 месеци, зборувам од месец јуни 2017 година, којшто е прв месец на таа влада, заклучно со месец мај 2024 година, којшто е последен месец на таа влада, бидејќи јуни 2024 година ни е попола — наша влада и техничка влада на СДСМ и ДУИ. Затоа завршуваме до месец мај 2024 година. Ако го анализирате порастот на просечната плата во тој период и го споредите со порастот на просечната плата од месец јули 2024 година, којшто е наш прв месец како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а со коалиционите партнери ЗНАМ и ВЛЕН, и последниот податок којшто го има објавено Државниот завод за статистика — а тоа е мај 2026 година, тоа се 23 месеци — ќе дојдете до заклучок дека за 70% повеќе расте просечната плата во овој период на оваа Влада споредено со периодот на претходната влада. Тоа се бројки. Овие бројки вие не можете да ги лажирате“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Или да речеме старосната пензија. Старосната пензија во овој период на оваа Влада, замислете — јас лично ја правев оваа анализа — е за 325% побрзорастечка на месечно ниво споредено со претходната влада на СДСМ и ДУИ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk