logo
logo
logo

ФРАПАНТНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ“, најави министерот Тошковски

Vecer | 01.09.2026

ФРАПАНТНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ“, најави министерот Тошковски

Не е битно дали министерот за внатрешни работи е задоволен или не е задоволен од која било одлука на Јавното обвинителство, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда во оваа сизифовска битка за да ја видиме правдата на крајот на денот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан за коментар по одлуката на Вишото ЈО да продолжи постапувањето по предметот „Мазут“.

Тошковски, посочи дека, од информациите споделени со него, а се поврзани со предметниот случај, „ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени“.

– Јас кажав и претходно дека согласно она коешто е со мене споделено како информација од страна на оние кои работеле интензивно на тој предмет – истражители кои се дел од Министерството за внатрешни работи, но упатени со работа во рамки на Јавното обвинителство за организиран криминал, а и дел од нив упатени на работа во рамки на Министерството за внатрешни работи во одделот за Организиран криминал – информациите коишто беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај, навистина сигурен сум дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени со јавноста. Еве толку ќе кажам и ќе ве оставам истрагата да си го каже своето во јавност понатаму – изјави Тошковски.

Вишото јавно обвинителство Скопје вчера ја укина наредбата за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ и го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја продолжи постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk