logo
logo
logo

ХОРОР НА ПАТИШТАТА

„КАМЕН“ ПИЈАН И БЕЗ ВОЗАЧКА ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТ - Тројца повредени во тешка несреќа

Vecer | 24.07.2026

„КАМЕН“ ПИЈАН И БЕЗ ВОЗАЧКА ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТ - Тројца повредени во тешка несреќа

Дваесет и четиригодишен жител на виничко село Градец, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без да поседува возачка дозвола, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци - Зрновци, при што три лица се повредени.

Несреќата се случила на 23 јули околу 03:30 часот, кога 24 - годишниот Д.Н, управувајќи патиничко возило „Опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 28 - годишниот сопатник С.С од виничкото село Јакимово, додека возачот и уште еден сопатник, 28 - годишниот Д.А од село Истибања, се здобиле со телесни повреди. На сите повредите им биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.

При увидот, полицијата утврдила дека 24 - годишниот возач не поседувал возачка дозвола. Дополнително алкотестот покажал дека управувал со 1,69 промили алкохол во крвта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk