logo
logo
logo

Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ има УБЕДЛИВО ВОДСТВО СО ОСВОЕНИ 2.950 ГЛАСОВИ за градоначалник на Брвеница (ВИДЕО)

Vecer | 18.10.2026

Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ има УБЕДЛИВО ВОДСТВО СО ОСВОЕНИ 2.950 ГЛАСОВИ за градоначалник на Брвеница (ВИДЕО)

- Победивме убедливо со освоени околу 2950 гласови, одиме во вториот круг со противкандидатот од ДУИ, изборите беа фер и демократски, очекувам поддршка и во вториот круг, изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски, повикувајќи се на првичните неофицијални резултати.

Државната изборна комисија (ДИК) го активира сајтот за онлајн следење на резултатите од гласањето на денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според досега објавените резултати, Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 891 глас, Јакуп Усеини од коалиција ВРЕДИ 438, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ 226, Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ) 78, независниот кандидат Душан Богдановски 16, а независната кандидатка Арифе Идризи нема ниту еден глас.

ДИК закажа прес-конференција за 21:30 часот на која, како што информира, ќе бидат објавени првичните неофицијални резултати од денешното гласање.

Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ДИК ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

На предвремените локални избори за градоначалник во Брвеница право на глас имаа 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.

Тие можеа да се изјаснат за еден од шестмината кандидати: Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).

Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk