Вечерва имав чест да им се обратам на граѓаните во Ново Село на луѓето кои, без разлика каде ги однел животот, секогаш се враќаат во своите родни огништа. Затоа што, како што вели народната мудрост, каменот тежи на своето место.
Нашата борба е Македонија да биде земја во која младите ќе остануваат, а оние што заминале ќе имаат причина повторно да се вратат дома. Да ги оживееме селата, да ги зајакнеме локалните заедници и да создадеме услови за достоинствен живот во секое населено место.
Како Влада, остануваме посветени на политики што носат нови инвестиции, подобра инфраструктура, работни места и развој на секој крај од државата. Нашата цел е едноставна, секој човек да може со гордост да каже: „Ова е мојот дом и тука ја гледам својата иднина.“
Благодарам на жителите и повратниците од Ново Село за топлиот пречек, искрените разговори и довербата. Заедно продолжуваме да градиме посилни општини и посилна Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски вечерва по средбата со побвратниците и дијаспората од Ново село.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата