КАКВИ ПОРАКИ НОСИ ФОН ДЕР ЛАЈЕН, напладне пристигнува во Скопје

Vecer | 02.10.2026

КАКВИ ПОРАКИ НОСИ ФОН ДЕР ЛАЈЕН, напладне пристигнува во Скопје
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен напладне пристигнува во Скопје на средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Според агендата, фон дер Лајен прво ќе има тет-а-тет средба со Мицкоски и средба со членовите од владиниот кабинет по што ќе одржи заедничка прес-конференција со премиерот Мицкоски. Потоа, во 14:30 часот е закажана средбата со претседателката Сиљановска-Давкова.

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје како дел од нејзината балканска турнеја, во која овој пат не се опфатени Србија и Босна и Херцеговина каде се закажани избори.

Во фокусот на разговорите во Скопје ќе биде европската интеграција на земјава, а се очекува да стане збор и за спорот со Бугарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk