logo
logo
logo

Официјално: Крум Ефремов е новиот амбасадор во Бугарија

Vecer | 18.08.2026

Официјално: Крум Ефремов е новиот амбасадор во Бугарија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

– Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа веќе не е класифициран податок и можам јавно да споделам дека наш амбасадор во Бугарија ќе биде амбасадорот Крум Ефремов, професионален дипломат, еден од поквалитетните, би рекол, дипломати според мое мислење, иако имаме одлични колеги во рамките на МНР, но навистина квалитетен наш дипломат, актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството, којшто служел како наш амбасадор во Украина во минатото и тој ќе биде наш амбасадор во Софија. Во моментот течат подготовките за негово заминување во Софија, рече Муцунски.

Тој потсети дека со измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи, предложени од оваа Влада, се гарантира застапеноста на професионалните дипломати како шефови на дипломатско-конзуларни претставништва, со еден зголемен праг.

Со измените и дополнувањата коишто оваа Влада ги направи, а одобрени секако од Собранието, најмалку 50 проценти од нашите амбасадори и генерални конзули мора да бидат професионални дипломати од Министерството за надворешни работи. Праксата покажала дека предлозите коишто ги имаме пуштено од моментот кога ние ја имавме формирано Владата, над 60 отсто од кандидатите за генерални конзули и амбасадори се професионални дипломати. Значи, не само што се почитува законското решение, туку одиме и над минимумот којшто ние го поставивме на таков висок праг, посочи Муцунски.

На новинарско прашање за предлогот за нов амбасадор во Атина, за којшто објавија дел од медиумите, Муцунски посочи дека не може да коментира бидејќи постапката е сè уште во фаза каде што е класифицирана и поради тоа не може да го коментира името на кандидатот за амбасадор во Атина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk