Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на глобалниот собир „Transforming Transportation 2026“, што се одвива во Вашингтон под покровителство на Светската банка, го истакна значењето на транспортните коридори и тековните инвестиции.
На својот Фејсбук профил, Николоски сподели дека на економскиот собир во Вашингтон, во своето излагање, ја нагласил клучноста на геостратешката положба на Македонија, точка каде што се влеваат двата пан-европски коридори.
Вложувањата во транспортните коридори на територијата на Македонија придонесуваат за поврзување на стопанството и унапредување на безбедноста.
„Испраќаме позитивни пораки за потенцијалните инвеститори“, напиша вицепремиерот Николоски, споделувајќи и видео запис од неговото учество на глобалната конференција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата