logo
logo
logo

Петкратно е зголемен бројот на случаи процесуирани по брза постапка за семејно насилство

Vecer | 30.07.2026

Петкратно е зголемен бројот на случаи процесуирани по брза постапка за семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство.

Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени настани, во 2023 година 216, во 2024 и 2025 година по 273, додека во 2026 година, заклучно со денес, се регистрирани 187 пријавени случаи.

Според министерот, особено охрабрува податокот за зголемената ефикасност во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и биле изречени четири мерки на претпазливост. Во 2023 година бројот се зголемил на 18 случаи и седум мерки, во 2024 година на 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година на 34 случаи и 15 мерки, додека во 2026 година досега се процесуирани 52 случаи и се изречени 23 мерки на претпазливост.

„Во споредба со 2022 година, бројот на случаи по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати. Тоа покажува дека институционалната реакција станува сè побрза, поорганизирана и поодлучна, а семејното насилство се третира со сè поголема сериозност“, истакна Тошковски.

Тој порача дека целта останува секоја жртва на семејно насилство да добие навремена заштита, а секој сторител да се соочи со брза и решителна институционална реакција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk