logo
logo
logo

KРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ зa злоупотреба на положбата и овластувањата

Vecer | 10.12.2025

KРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ зa злоупотреба на положбата и овластувањата

О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект – технички преглед во Општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

О.С. делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи.

Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст. 3 од Законот за возила и чл. 5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила, соопшти министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk