Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво.
„Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал“, соопшти Бирото за јавна безбедност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата