Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.
Оваа реакција од обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „Алта банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.
Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата