logo
logo
logo

СОПРУЖНИЦИТЕ КОИ ГО ЛИШИЈА ОД ЖИВОТ Д-Р ТРПОВСКИ ОДАТ ВО ПРИТВОР, мотивот сè уште се истражува

Vecer | 16.07.2026

СОПРУЖНИЦИТЕ КОИ ГО ЛИШИЈА ОД ЖИВОТ Д-Р ТРПОВСКИ ОДАТ ВО ПРИТВОР, мотивот сè уште се истражува

Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор на сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда.

Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи, е расветлено убиството на Ацо Трповски. Според обвинителството, постои основано сомнение дека 65-годишен маж го сторил кривичното дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, додека неговата 59-годишна сопруга е осомничена за помагање при извршувањето на делото.

Според истрагата, осомничената претходно договорила средба со жртвата на паркинг во Автокоманда. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.

Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале.

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително.

Ацо Трповски беше познат матичен лекар од Скопје, кој имаше своја приватна ординација (како концесионер) во поликлиниката во населбата Железара. Тој имаше 67 години и уживаше голем углед меѓу своите пациенти и колеги од Лекарската комора на РСМ. Неговото безживотно тело беше пронајдено со девет убодни рани од нож на 21 март 2024 година, во неговиот сопствен автомобил, паркиран во близина на поликлиниката во Железара.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk