logo
logo
logo

ЗАСИЛЕНО ПОЛИЦИСКО ПРИСУСТВО ВО ПРИЛЕП: Во тек е голема акција на МВР и БЈБ

Vecer | 30.09.2026

ЗАСИЛЕНО ПОЛИЦИСКО ПРИСУСТВО ВО ПРИЛЕП: Во тек е голема акција на МВР и БЈБ

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а МВР преку Бирото за јавна безбедност спроведува претреси на околу 30 локации, дознава Плусинфо од неофицијални извори.

Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура. Според неофицијалните информации, истрагата е поврзана со активности со наркотици, а под лупа на истрагата наводно се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можни поврзаности со лица или активности што се предмет на истрагата.

Од специјални единици до редовната униформирана полиција голем број полициски службеници се видливи на терен и се вршат проверки на повеќе локации во градот и поширокото подрачје.

Акцијата е во тек. Се очекуваат официјални информации од надлежните институции во текот на денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk