„ПОЛИТИЧКО ЛЕШИНАРЕЊЕ“ - ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за злоупотреба на нападот во Охрид

Vecer | 17.11.2026

„ПОЛИТИЧКО ЛЕШИНАРЕЊЕ“ - ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за злоупотреба на нападот во Охрид
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Денес СДС најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој денес е зад решетки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Оваа случка беше недвосмислено осудена од сите фактори во државата. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди инцидентот и побара обвинителството да не помисли овој случај да биде заборавен. Овој немил настан, за жал, единствените кои политички го злоупотребуваат се Венко Филипче, СДС и Левица. Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДС ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар.

Ова нивно однесување се повторува. Впрочем, нивното лешинарење започна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт. Нивното антимакедонско однесување е дното кое народот го осудува и од кое мора да се дистанцира.

Протестот на СДС во Охрид не е за сочувство на семејството на претепаното девојче, туку борба за фотелјата на Филипче“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk