logo
logo
logo

БРВЕНИЦА ЌЕ ИЗБИРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК - Гаши го распиша изборниот дуел за 18 октомври

Vecer | 07.08.2026

БРВЕНИЦА ЌЕ ИЗБИРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК - Гаши го распиша изборниот дуел за 18 октомври

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница. Граѓаните на Брвеница на 18 октомври ќе излезат на гласање за да го изберат новиот прв човек на општината.

– Денес, во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, ја потпишав одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите – напиша Гаши на својот профил на Фејсбук.

Тој ги повика сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што потикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес.

– Ги повикувам граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и одговорно да го остварат своето демократско право, придонесувајќи кон мирен, уреден и кредибилен изборен процес што ќе го одреди идниот правец на развој на нивната општина. Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани – посочува Гаши во објавата.

Ова одлука следи откако на 23 јуни, годинава почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Функцијата в.д. градоначалник ја врши Роберт Милошески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk