Стево и Бујар биле за европска иднина АМА ДОСТАВИЛЕ ПРАЗНИ ИЗВЕШТАИ, НЕ КАЖУВААТ КОЛКУ ПАРИ ДОБИЛЕ

Vecer | 18.04.2024

Стево и Бујар биле за европска иднина АМА ДОСТАВИЛЕ ПРАЗНИ ИЗВЕШТАИ, НЕ КАЖУВААТ КОЛКУ ПАРИ ДОБИЛЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Транспарентни само на зборови, но на дела токму тие од власта не кажуваат колку пари добиле досега во кампањата. Кандидатите на СДСМ за претседател и на ДУИ, Стево Пендаровски и Бујар Османи не ги споделиле овие информации.

Празни и нецелосни извештаи за финансирање на изборната кампања доставиле дел од претседателските кандидати до ДИК. Некои кријат колку пари собрале, други пак, колку потрошиле. ДИК се оградува од одговорност за содржината на извештаите, надлежни за тоа биле антикорупционерите и ревизорите.

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи не ја исполниле во целост законската обврска да достават основни информации за примени донации во првите десет дена од изборната кампања. Тие доставиле финансиските извештаи до Државната изборна комисија, ама празни, без ниту еден податок во нив освен печат и потпис на овластените лица во кампањата како и бројот на трансакциските сметка во банка за изборната кампања.

Според Изборниот законик, претседателските кандидати се обврзани да поднесат три финансиски извештаи до ДИК и тоа првиот на 11 ден од кампања, вториот на 20 ден од кампањата, а третиот вкупен извештај треба да го достават по изборите.

„Предвидено е дека тие се поднесуваат на образец што го пропишал министерот за финансии, а во кој има податоци за име односно назив на донаторот, вид и вредност на донациите, датумот на добивање донации и расходите за секоја донација и приходи и расходи за време на изборната кампања, како и податоци за донации примени од трето лице“, се вели во Изборниот законик.

Од изборниот штаб на Пендаровски сметаат дека не го прекршиле законот со доставувањето на бланко извештај. Тие се повикуваат на изборниот законик, посочувајќи дека ќе дадат на крај детали во вкупниот финансиски извештај кој се поднесува по завршувањето на изборите.

Во одговорот за Радио Слободна Европа велат дека изборната кампања на Стево Пендаровски во првите 10 дена од кампањата се финансира од редовната сметка на СДСМ.

Од изборниот штаб на Бујар Османи ветиле дека ќе одговорат на прашањето зошто доставиле празен извештај, но до објавувањето на овој текст не испратиле одговор.

Повеќе на РСЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk