logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ СО УМОТ СЕ УШТЕ Е СО ХАРИС ВО ДУБАИ: Не слушнал од Бугарија негирање на идентитетот

Vecer | 05.05.2026

ФИЛИПЧЕ СО УМОТ СЕ УШТЕ Е СО ХАРИС ВО ДУБАИ: Не слушнал од Бугарија негирање на идентитетот

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче, во која вели дека „од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет“, кажа дека жали што не застанале во одбрана на националните интереси.

– Претпоставувам дека претседателот на СДСМ се уште ужива во оние забави во Дубаи, под импресија на музицирањето на еден српски фолк автор и пејач, а занесен од сето тоа, а богами и заслепен, не успеа да види ниту да слушне тоа што се случува од 2022 па наваму, односно, од моментот кога владата на СДСМ и ДУИ ја прифати таа историска капитулација, со што покажа и докажа дека е мекото ткиво на македонскиот идентитет. Тоа нема да остане така како што мислат дека ќе остане, рече Мицкоски.

Премиерот изрази жалење што тие повторно одлучиле да коленичат на туѓите интереси, наместо да застанат рамо до рамо со Владата во одбрана на националните интереси.

– Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо да застанат рамо до рамо со Владата во одбрана на националните интереси, но добрата вест е што набрзо ќе има избори и после тие избори ќе се случи партијата која тој ја предводи да се маргинализира.

Се надевам дека тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат, си ја љубат татковината кои што се вистински патриоти и кои ќе се борат за оваа држава заедно со оваа Влада и со мене, истакна Мицкоски.

Во однос на реконструкцијата на Владата, Мицкоски рече дека се уште не се почнати разговорите, бидејќи, како што истакна, се уште е посветен на внатрепартиската структура, за која очекува овој месец таа да се заокружи и да се посветат на владината коалиција.

Филипче вчера во изјава за медиуми по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев изјави дека “ние не сме слушнале од Бугарија дека ни го негира идентитетот“.

– Ние никаде од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет, ниту пак нешто е направено во времето на владите на СДСМ со цел да се загрози нашиот национален идентитет. Ние имаме една работа и се знае што треба да се направи со цел вистински да започнат реформите и со цел вистински да продолжи патот на евроинтеграции, а тоа се уставните измени, со кои ништо нема да биде загрозено. Лага е на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски тоа што го кажува, поради тоа што не сака земјава да оди напред кон Европа и не сака вистински реформи, рече Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk