Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за
мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и
целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот
период. Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1 октомври 2026
година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од
планираниот термин за породување. Достапни се пакети за спонтано
породување и за породување со царски рез, со можност за плаќање на рати.
Со породилните пакети, трудниците добиваат бесплатни микробиолошки
генитални брисеви, предпородилни анализи, кардиотокографија и ултразвучни
прегледи по 36. гестациска недела. Пакетите опфаќаат и лабораториска
подготовка пред породувањето, анестезиолошки преглед, антенатална
едукација на родителите и стручно советување за процесот на породување,
постпородилното закрепнување и негата на новороденчето.
Во Центарот за мајка и бебе се обезбедува индивидуализиран пристап и
континуирана медицинска поддршка, без разлика дали породувањето се
одвива по природен пат или со царски рез. На трудниците им е достапно
безболно породување со епидурална или спинална анестезија, по претходна
процена од анестезиолог. Клиниката овозможува и природно породување со
седација со азотен оксид, техника што придонесува за намалување на болката,
напнатоста и анксиозноста кај родилката.
За време на породувањето се врши континуирано следење на состојбата на
мајката и плодот, со присуство на педијатар и непосредна процена и
опсервација на новороденчето. По породувањето, мајката и бебето
престојуваат заедно три болнички дена во еднокреветна соба, во безбедна и
пријатна средина. Во текот на хоспитализацијата родилката добива
континуирана нега, потребна медикаментозна терапија и свежо подготвени,
избалансирани оброци, како и практична едукација за нега на новороденчето и
правилна техника на доење.
Новороденчето е под постојана грижа на специјализиран неонатолошки тим. Во
пакетите се вклучени аудиолошки скрининг, кардиолошки скрининг кога за тоа
постои потреба и тестирање на толеранцијата при превоз во детско
автомобилско седиште. На родителите им се обезбедува 24-часовна
достапност за консултација со неонатолошкиот тим.
Грижата продолжува и по отпуштањето од родилиштето. Во првиот месец се
обезбедуваат четири бесплатни педијатриски прегледи на новороденчето,
вклучувајќи ортопедски скрининг и вакцинација, како и попуст на сите следни
педијатриски прегледи во Клиника Жан Митрев. За родилката е предвиден
бесплатен контролен гинеколошки преглед шест недели по породувањето,
бесплатна консултација со хирург за естетска и пластична хирургија и
поволности за услуги од областа на естетската дерматологија, стоматологијата
и офталмологијата. Во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и
бесплатен офталмолошки преглед на новороденчето во текот на првата година.
Центарот за мајка и бебе располага со современи родилни и операциони сали,
хибридни соби за заеднички престој на мајката и бебето и специјализирана
опрема за следење, стабилизација и третман на новороденчињата. Достапни
се и интензивна неонатална нега и специјализиран медицински транспорт за
бебињата на кои им е потребен повисок степен на надзор. Со
мултидисциплинарен тим, современа технологија и континуирана поддршка,
Клиника Жан Митрев обезбедува заокружена грижа за мајката и детето, од
последните недели на бременоста, преку породувањето, до првите недели и
месеци по раѓањето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата