Зад утрешниот протест во Скопје стојат српските студенти кои се дел од српската опозиција. а локална поддршка се членови на Левица и СДСМ. Веќе нема дилеми.
„Република“ одблиску ви ги претставува оние кои утре планираат насилство и дестабилизација на Македонија заради партиски цели. Жртвите од трагедијата во Кочани за нив се на последно место.
Од Србија протестите ги предводи Сташа Цветковиќ.
Прв е Кирил Митановски од Левица кој во видеото самиот се фали дека партиски член.
До него е и Ѓорѓи Јачев кој вели дека веќе не е во партијата но ја поддржува.
Ексклузивно: Видео од состанок за српско сценарио за хаос и дестабилизација на партиски активисти од опозицијата, координирани од Белград.#Вистината#КојЕСледен#АПСИ pic.twitter.com/jojsZ3PZpb
— Механичарот (@Mehanicharot11) March 23, 2025
Свои претставници во утрешниот протест има и Шарената револуција.
Тоа е Сања Борисовска, попозната како „вие вие господине Заев“..
Тука се и Стојан Рашков и Венко Крстевски.
На социјалните мрежи се појавија повици за протест во Скопје.
Протестот е планиран за утре, а симптоматично е што тие се најавени и подджани од профили кои се формирани само пред неколку дена, односно по трагедијата во Кочани.
Овие профили се особено активни на Фејсбук и на Твитер и објавуваат повици за протест.
"Се гледаме на пленум#, стои во објавата.
Профилите се нарекуваат „Студентски пленум“ а ги поддржуваат и следат исти такви медиуми во Србија, како „машина.рс“.
Тие се целосно во служба на српската опозиција и тамошните студенти кои се борат за соборување на претседателот Александар Вучиќ и формирање на преодна и техничка влада каква што имаше во Македонија по шарената револуција.
Српскиот медиум кој ги поддржува протестите во Македонија се вика „машина,рс“ во кој главен е Марко Милетиќ од српската опозициска партија „Покрет слободних граџана“.
Милетиќ во моментов е во притвор за кршењето на градската куќа во Нови Сад пред неколку месеци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата