logo
logo
logo

Баран за 12 и пол години затвор во Македонија, ТАТКОТО НА ОБВИНЕТАТА ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЧАНИ СЕ ПОЈАВИ НА БУГАРСКА ТВ

Vecer | 01.09.2026

Баран за 12 и пол години затвор во Македонија, ТАТКОТО НА ОБВИНЕТАТА ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЧАНИ СЕ ПОЈАВИ НА БУГАРСКА ТВ

Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден на 12 години и шест месеци затвор и по кого, според објавените информации, сè уште е активна потерница, се појавил на бугарска телевизија, каде зборувал за судскиот случај на неговата ќерка Ива Михаилова од Кочани.

Михаилов е познат како еден од осудените во случајот „Детонатор“, во кој бил прогласен за виновен за дела поврзани со обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. За овие кривични дела првично му била изречена доживотна казна затвор, но во текот на понатамошната судска постапка казната била намалена на 12 години и шест месеци.

И покрај изречената казна и активната потерница, Михаилов сега се појавил во бугарски медиум, каде ја изнел својата страна за случајот со неговата ќерка, на која ѝ се суди во врска со сообраќајката во Кочани.

Во текот на постапката тој ја напуштил Македонија, а во 2014 година бил екстрадиран од Италија, каде претходно бил уапсен по меѓународна потерница. Подоцна повторно станал недостапен за македонските органи.

Неговото појавување во бугарските медиуми е поврзано со судскиот процес против неговата ќерка Ива Михаилова, на која во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа на првото рочиште се изјаснила дека не е виновна.

Случајот со Михаилова во изминатиот период предизвика реакции и во Бугарија, а нејзиниот татко сега јавно зборува за нејзиниот третман во Македонија, иако македонските власти го бараат за издржување на правосилната затворска казна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk