logo
logo
logo

СО 2,66 ПРОМИЛИ НА МОТОР, ПА ПАДНАЛ НА ПАТОТ: Полицијата го затекна 66-годишникот кај Кичево

Vecer | 01.09.2026

СО 2,66 ПРОМИЛИ НА МОТОР, ПА ПАДНАЛ НА ПАТОТ: Полицијата го затекна 66-годишникот кај Кичево

На 31.08.2026 во 14:00 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај местото викано „Жас Кичево“, полициски службеници од ОВР Кичево го приведоа Д.А.(66) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека под дејство на алкохол управувал мотоцикл.

По преземени мерки, полициските службеници го пронашле паднат на коловоз, при што тој агресивно се однесувал кон нив и ги навредувал.

По извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 2,66 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk