logo
logo
logo

Потпишани договорите - ЗАОКРУЖЕНА ФИНАНСИСКАТА КОНСТРУКЦИЈА ЗА КОРИДОРОТ 8

Vecer | 06.08.2026

Потпишани договорите - ЗАОКРУЖЕНА ФИНАНСИСКАТА КОНСТРУКЦИЈА ЗА КОРИДОРОТ 8

Во Свечената сала на Владата денеска беа официјално потпишани договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која претставува клучна трета фаза од источниот крак на Коридорот 8.

На потпишување присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, со што и официјално се стави печат на финансиската конструкција за овој стратешки инфраструктурен проект.

Како што соопштија од владината прес-служба, парафирани беа Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и посебните договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Обезбедените финансиски средства се директно наменети за целосна реализација на градежните работи на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, со што треба значително да се подобри регионалното сообраќајно поврзување и железничката инфраструктура во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk