Млад македонец кој паднал од тобоган на летување во Бодрум, Турција се здобил со тешка повреда , скршил вратен пршлен, ќе биде утре донесен со владиниот авион.
Здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде донесено во земјава со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите , Фондот за здравство одобрил, а зад одлуката стои и министерството за здравство, потврдуваат од Владата. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата