logo
logo
logo

КАКО СЕ МЕНУВА МАКЕДОНИЈА ЗА САМО ДВЕ ГОДИНИ? Погледнете ги реалните податоци за растот на платите и бизнисот!

Vecer | 06.09.2026

КАКО СЕ МЕНУВА МАКЕДОНИЈА ЗА САМО ДВЕ ГОДИНИ? Погледнете ги реалните податоци за растот на платите и бизнисот!

Македонската економија бележи силен и реален раст од 4,3 проценти во вториот квартал од 2026 година, што претставува огромен скок во споредба со скромните 1,6 проценти забележани во јуни 2024 година. Овие бројки се јасен показател дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат видливи и конкретни резултати на терен.

Како што истакнуваат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, по години на лошо управување, земјата Конечно излегува од периодот на бавно движење и бездоволен развоен импулс.

„За само две години, економијата премина од раст од 1,6 проценти на 4,3 проценти. Тоа е мерливо, широко распространето и реално економско забрзување“, се наведува во соопштението на партијата.

Од партијата посочуваат дека овој позитивен тренд не е заснован на само еден сектор, туку е резултат на засилена активност на повеќе фронтови истовремено. Податоците покажуваат дека инвестициите пораснале за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги бележи раст од 10,4 проценти, додека градежништвото оствари висок скок од дури 21,9 проценти. Позитивни поместувања има и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, угостителството и ИКТ секторот.

Клучен момент во овој економски подем е што забрзувањето на економијата не доведе до нови ценовни шокови за граѓаните, туку се одвива паралелно со стабилизација на цените.

„Особено важно е што економскиот раст не е проследен со нов инфлаторен притисок. Напротив, додека економијата забрзува, инфлацијата се намалува и денес изнесува 2,3 проценти. Затоа, овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе инвестиции, поголема економска активност, нови можности за бизнисите и подобри услови за раст на платите и животниот стандард“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија нагласуваат дека економскиот раст е само средство за остварување на главната цел, подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. Поради тоа, најавуваат продолжување на предвидливите економски политики, силна поддршка за приватниот сектор и интензивирање на капиталните проекти за создавање стабилно бизнис опкружување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk