logo
logo
logo

ТЕСТОВИТЕ ПОКАЖАА НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ - Нема нови заразени од западнонилска треска!

Vecer | 03.08.2026

ТЕСТОВИТЕ ПОКАЖАА НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ - Нема нови заразени од западнонилска треска!

Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните суспектни случаи се негативни.

- Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска, соопштува денеска Министерството за здравство.

Оттаму велат дека во координација со надлежните институции, внимателно се следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk