УАПСЕН 31-ГОДИШНИК ОД ЧЕЛОПЕК – осуден на една година затвор, спроведен во затворот во Тетово

Vecer | 23.11.2026

УАПСЕН 31-ГОДИШНИК ОД ЧЕЛОПЕК – осуден на една година затвор, спроведен во затворот во Тетово
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полицијата вчера уапсила маж од тетовското село Челопек, кој бил осуден на една година затвор, и го однела во затворот во Тетово за да ја издржува казната.

„На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, Тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk