logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ИЗГУБИ КОМПАС – ОД ЛУКСУЗНИ ЈАХТИ ПРАВАТ ПОЛИТИЧКИ ХАОС

Vecer | 16.08.2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ИЗГУБИ КОМПАС – ОД ЛУКСУЗНИ ЈАХТИ ПРАВАТ ПОЛИТИЧКИ ХАОС

Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже. Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев. И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните. Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење, велат од владејачката партија.

Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи. Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази. Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност. Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност. А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето. Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk