logo
logo
logo

Иамем невработеност, НО КОЛКУ ОД НИВ РЕАЛНО РАБОТАТ НА ЦРНО А КОЛКУ СЕ НЕКВАЛИФИКУВАНИ

Vecer | 26.09.2026

Иамем невработеност, НО КОЛКУ ОД НИВ РЕАЛНО РАБОТАТ НА ЦРНО А КОЛКУ СЕ НЕКВАЛИФИКУВАНИ

Гледаме апсурд, нелогична ситуација, со вработеноста во Македонија која има голем број што се пријавуваат за невработени а, од друга страна, гголем број на слободни работни места кои чекаат работници?

Анализите покажуваат дека голем број работници, особено во градежништвото и зејоделието формално се водат како невработени што влијае на вкупната бројка а, од друга страна, постојат големи разлики во несоодветно образование за слободните работни места во однос на оние кои бараат работа.

Македонија истовремено има голем број невработени, но и во исто време илјадници слободни работни места, а голем проблем се неспецијализираните места, како и демографскиот притисок врз населението.

Исто така, голем проблем е и невработеноста кај младите. Имено, Северна Македонија во второто тримесечје имала 798.718 активно население, од кои 708.698 биле вработени, а 90.020 невработени, со што невработеноста изнесува 11,3%, додека во споредба со истиот период претходната година бројот на невработени се намалил за 1,5%, а бројот на вработени се зголемил за 1 процент, а кај младите овој процент е многу поголем и според најновите анализи изнесува приближно 30 отсто.

Стапката на слободни работни места во 2025 година изнесува 2,17 отсто, а најмногу слободни места, според анализите, има во услужниот и продажниот сектор, каде што моментално недостигаат 2.980 работници.

Од ова најмногу слободни места има во Скопскиот Регион, со стапка од 2,30 отсто, каде најмногу работна сила се бара во угостителските објекти и сервисните дејности со храна, каде 6,23 отсто од работните места чекаат да бидат пополнети, додека пак најмалку слободни места има во секторите за електрична енергија, гас, пареа и климатизација, со 0,38 отсто расположливи места, додека пак фирмите кои имаат од 10 до 49 вработени во просек имаат по 3,20 непополнети позиции.

Ова секако не покажува дека луѓето се иселуваат и затоа има слободни места, но ова јасно ја покажува разликата меѓу активната работна сила и слободните работни места.

На оваа состојба сериозно влијание имаат и неформално вработените лица, поточно работниците со нерегулиран работен однос, кои во вториот квартал од 2026 година изнесуваат 101.022 и се зголемиле за 7,3 отсто.

Оваа категорија најмногу е застапена во два сектора, и тоа во земјоделството, шумарството и рибарството, каде се застапени над 51 отсто од работниците без регулиран работен однос, како и во градежништвото, каде работат околу 17,2 отсто работници без работен договор.

Согласно податоците кои ги објави Заводот за статистика на 22 септември 2026, бруто просечната плата во јули 2026 достигнала 72.935, додека кога од неа ќе се извадат придонесите, нето просечната плата изнесувала 48.499 денари, што претставува 107,1 отсто во споредба со 2025 година.

Населението во Македонија и понатаму се намалува, па така во 2025 година, според Заводот за статистика, Македонија имала население од 1.819.074, но намалувањето продолжува и понатаму, па така природниот прираст во 2026 забележува негатива од 1.005 лица, што значи дека во оваа година бројот на живородени деца е помал од починатите лица. А во 2025 година биле регистрирани раѓањата на 15.850, додека пак умреле вкупно 20.287 лица.

Иселувањето има директно влијание како врз активното работоспособно население, така и врз природниот прираст на државата, бидејќи младите што заминуваат формираат семејства во странство, со што се намалува бројот на деца што се раѓаат во Македонија.

Последните податоци од Заводот за статистика покажуваат дека во 2024 година се иселиле 1.476 лица, а кога од оваа бројка ќе се одземат доселените лица во Македонија, имаме иселеничко салдо од -964 лица кон странство.

Но овие податоци треба да се читаат со внимание, бидејќи важно е да се напомене дека бројот на лица кои заминале во странство не значи број на отселени лица.

Но кога зборуваме за слободни работни места, најважно е да се каже дека не значи автоматски дека нема работна сила, туку многу често проблемот е и во неусогласеноста меѓу вештините и стручноста на расположливата работна сила и потребите што ги имаат работодавците.

Според податоците на ETF за 2023 година, 61,7 отсто од населението на возраст од 20 до 54 години биле вработени, додека невработеноста кај населението на возраст од 15 до 70 години изнесувала 13,1 отсто, додека пак кај младите на возраст од 15 до 29 години оваа стапка е за 11,9 отсто поголема, односно 24,9 отсто.

Извештајот на ETF посочува и на голема разлика во вработливоста кај населението според нивото на образование во 2023 година. Огромен процент, односно 62,6 отсто од активното население со високо образование било невработено, додека кај населението со ниско образование е 24,1 отсто.

Истиот извештај покажува дека Агенцијата за вработување во 2022 година регистрирала 402.439 слободни работни места, од кои најмногу биле регистрирани во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли, како и во објектите за сместување и сервисните дејности со храна.

Ако анализираме според главните категории, најмногу слободни места имало во услужните, трговските и елементарните дејности.

Македонија не е изолиран случај по ова прашање, со недостиг на работна сила се соочува речиси цела Европа. Според анализите на EURES, сè повеќе европски пазари на труд се соочуваат со неурамнотеженост меѓу понудата и побарувачката на работна сила, а кај 57 отсто од идентификуваните недостигачи бил од средно и високо сериозно ниво, а секторите во кои се јавува недостигот се најразновидни. Од специјалисти, лекари до заварувачи.

Според Европската трудова управа, причини за оваа состојба пред сè е неусогласеноста на вештините на достапното работно население со потребите на пазарот, но се наведуваат и демографски причини, како и мобилноста на активното население.

Македонија во вториот квартал од 2026 година има многу слободни работни места, особено 2.980 само во услужните дејности. Кој ќе ги пополни не е едноставно да се даде одговор, важно е дека Македонија исто така има регистрирани 90.020 невработени лица, но и голема неусогласеност на вештините и образованието што ги поседуваат овие лица со потребите на работните места, како и негативен природен прираст, токму затоа прашањето зависи од тоа какви вештини се бараат за тие места, колку од населението ги поседува тие вештини, колку од нив се вработени, а колку од нив се заинтересирани за влез на пазарот на труд.

Највеќе слободни места има во услужниот и продажниот сектор, но исто така засегнати од овој проблем се и производството, трговијата, угостителството и други сектори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk