logo
logo
logo

Удар од говорницата

Мицкоски кон Филипче: ВИНОВЕН СУМ ШТО УЖИВАТЕ НА ЈАХТИТЕ НАМЕСТО НА ДРУГО МЕСТО

Vecer | 25.06.2026

Мицкоски кон Филипче: ВИНОВЕН СУМ ШТО УЖИВАТЕ НА ЈАХТИТЕ НАМЕСТО НА ДРУГО МЕСТО

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостиг на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече, го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се најдат позади решетки и да одговараат.

-Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор и да дадат одговор зошто се таму. Е затоа се разочарани луѓето кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла, рече Мицкоски.

Тој додаде дека признава вина за тоа што поминале две години, а вели, „вие уште уживате на јахтите наместо на друго место“.

-Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот, кажа Мицкоски во ордговорот до Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk