Страшна сообраќајна несреќа ги вознемири гостиварци откако на крстосницата од улиците „Кеј Вардар“ и „Тоде Богдановски“ дојде до судир меѓу три автомобили во движење и едно паркирано возило. Во масовниот судир учествувале патнички возила „голф“ управувано од 18-годишниот Е.Р., втор „голф“ со кој управувал 19-годишниот Б.А., „бмв“ управувано од 25-годишниот М.М., како и паркиран „пасат“ сопственост на 54-годишниот Е.С., сите од Гостивар.
Ударната сила на судирот остави пустош на асфалтот, а најдебелиот крај го извлекоа најмладите. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца 14-годишни сопатници, кои по укажаната прва помош во гостиварскиот Ургентен центар се итно пренесени на понатамошно лекување во Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.
Помош била побарана и за возачите Б.А. и Е.Р., како и за сопатниците А.С. и Б.Л., кои се здобиле со телесни повреди. На местото на несреќата излезе полициска екипа од ОВР Гостивар за да изврши увид и да ги утврди причините за оваа тешка сообраќајна несреќа која се случи на 03.10.2026 година, во 22:10 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата