logo
logo
logo

Разрешувањето на Даути било УДАР ВРЗ ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР, реагира ДУИ по интерпелацијата

Vecer | 10.01.2025

Разрешувањето на Даути било УДАР ВРЗ ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР, реагира ДУИ по интерпелацијата

Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година, реагираше ДУИ преку соопштение.

„Оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин. Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. Вреди, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ја поткопаат еднаквоста. Ги повикуваме сите Албанци да останат смирени, но да не ја прифатат оваа неправда со молк. Охридскиот договор е темелот врз кој е изградена мирот и стабилноста во оваа земја, и секој обид за негово рушење претставува закана за нашата заедничка иднина. Секој што денес мисли дека може да ја избрише историската вистина и да ја врати логиката на етничка доминација, треба да знае дека ќе се соочи со силна реакција од Албанците“, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk