logo
logo
logo

„СОМНИТЕЛНО ИЗБРАН И БЕЗ ЛЕГИТИМИТЕТ“: КУНОВСКА ПО ФИЛИПЧЕ – „Спакувај се од Бихаќка и замини си“

Vecer | 01.10.2026

„СОМНИТЕЛНО ИЗБРАН И БЕЗ ЛЕГИТИМИТЕТ“: КУНОВСКА ПО ФИЛИПЧЕ – „Спакувај се од Бихаќка и замини си“

Софија Куновска со жестока критика на Фејсбук до актуелното раководство на СДСМ, оценувајќи дека на партијата, но и на Македонија, ѝ е потребно негово заминување.

„Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој има никаков легитимитет, е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше „магарешки стапови“ по прес-конференции“, напиша Куновска.

Таа додава дека СДСМ, но „уште повеќе и Македонија“, имаат потреба претседателот „веднаш да се спакува од Бихаќка и да си замине“.

Софија Куновска е македонска актерка, поранешна пратеничка и поранешна советничка во Советот на Град Скопје. Дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од 1992 година е дел од ансамблот на Драмскиот театар – Скопје. Во политиката беше член на СДСМ, советничка во Град Скопје и пратеничка во Собранието во периодот од 2014 до 2016 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk