logo
logo
logo

ПОСТОИ ЛИ ТАЈНА ДИПЛОМАТИЈА ПОМЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 30.09.2026

ПОСТОИ ЛИ ТАЈНА ДИПЛОМАТИЈА ПОМЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство, наведува ВМРО-ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Во текстот се додава:

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk