logo
logo
logo

Економски шок за критичарите

БУМ ВО ТУРИЗМОТ ОД НАД 200 ПРОЦЕНТИ, ставен крај на аматеризмот

Vecer | 26.06.2026

БУМ ВО ТУРИЗМОТ ОД НАД 200 ПРОЦЕНТИ, ставен крај на аматеризмот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во отчетот за изминатите две години истакна дека се постигнати значителни резултати за само осум месеци откако е преземен туризмот во склоп на Министерството, односно по укинувањето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2025 година. 

-Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023  на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200 проценти раст. Се отворивме кон нови пазари, кои се реализираа во тесна соработка со приватниот сектор. Заеднички се претставивме на роуд-шоуа и Б2Б настани во Германија, Шпанија, Финска, при што особено се издвојува настанот „New Deal of Europe“ во Лондон. Преземени се подготвителни активности и интензивна комуникација со туроператори од Холандија и Полска, рече Љутков на прес-конференцијата. 

Посочи дека со измена на законот за игри на среќа, за развој на туризмот ќе се добиваат дополнителни 4 проценти и соопшти дека во јули ќе се отвори Инфоцентарот за туристи во центарот на Скопје, со што секој турист ќе има можност на едно место да се информира за сите културни, историски и туристички содржини.

-Особено сум горд  дека за многу краток период поставени се темелите на стратешкиот документ за туризмот со акциски план во кој со конкретни мерки ќе ја позиционира Македонија, не само како дестинација за кратка посета, туку, како конкурентна европска дестинација со автентично искуство, повисока вредност и поголем локален импакт, додаде министерот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk