logo
logo
logo

„ОВА ЌЕ БИДЕ ВЕЧЕН ГРЕВ“! Порака од шефот на загинатиот во сообраќајката со Михаилова

Vecer | 14.10.2026

„ОВА ЌЕ БИДЕ ВЕЧЕН ГРЕВ“! Порака од шефот на загинатиот во сообраќајката со Михаилова

Сефер Аземи, сопственикот на фирмата каде што работеше загинатиот Бесим Дурмиши од Љуботен, кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа предизвикана од бегалката Ива Михаилова, излезе со емотивно и остро барање за правда.

По откривањето на идентитетот на загинатиот работник од страна на новинарот Љупчо Златев, Аземи преку социјалните мрежи порача дека за ова дело мора да следи најстрога затворска казна од 25 години, предупредувајќи ги судиите и сите засегнати дека секоја поинаква одлука ќе биде вечен грев.

Аземи го опиша Бесим како исклучително вредно, чесно и добро момче чиј живот беше прерано прекинат на патот, испраќајки директна порака до правосудните органи.

„Бесим беше мој вработен – искрен, чесен и многу вреден; нека почива во мир и нека Господ ѝ подари место во рајот на неговата душа! Што се однесува до оваа Ива, таа мора да одговара за убиството на Бесими и за блокирањето на патот од спротивната насока; мора да биде осудена на најмалку 25 години затвор! Секој што ќе донесе пресуда спротивна на ова, ќе го носи тој грев на својата душа ЗАСЕКОГАШ!!!“, напиша Аземи.

Случајот со бегството на Ива Михаилова продолжува да предизвикува жестоки реакции во јавноста, а семејството и блиските на загинатиот Бесим бараат итна судска разрешница и максимална казна за причинетата трагедија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk