Амбасадорката на САД, Анџела Агелер упати честитка по повод победата на Гордана Силјановска-Давкова.
„Mоите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Mакедонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. САД ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, напиша Aгелер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата