logo
logo
logo

Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје, следува и експресен пат до Ново Село

Vecer | 05.08.2026

Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје, следува и експресен пат до Ново Село

Вицепремиерот Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата.

Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во, како што наведе, „прекрасна енергија, позитивна атмосфера и патриотизам“, нагласувајќи дека заедно со присутните разговарале за проектите насочени кон подобрување на животот во државата.

Тој посочи дека токму на барање на дијаспората била отворена директната авионска линија Женева – Скопје, која, според него, значително ќе ја олесни комуникацијата и почестите посети на иселениците во Македонија.

Николоски најави и дека се работи на проектот за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село, оценувајќи го како важен инфраструктурен проект што ќе придонесе за подобра поврзаност и развој на регионот.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна“, порача Николоски во својата објава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk