logo
logo
logo

ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОМАГАЧИТЕ НА БЕГСТВОТО НА УБИЕЦОТ НА БАБА ЉУБА ВО КАПИШТЕЦ

Vecer | 17.01.2026

ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОМАГАЧИТЕ НА БЕГСТВОТО НА УБИЕЦОТ НА БАБА ЉУБА ВО КАПИШТЕЦ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители му помогнале на 18-годишникот, кој на 9 јануари годинава со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, да ја напушти државата.

Обвинетите, кои се товарат за „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на Саитов Саит (18), лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.

-Со автомобил „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин „Табановце“ ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ, се вели во соопштението од Обвинителство.

Јавниот обвинител, со обвинението, поднел и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот Саитов Саит (18) за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје. Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk