Тошковски: НАСТАНОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Е УБИСТВО, за „Макстил“ се обезбедуваат материјални докази

Vecer | 23.11.2026

Тошковски: НАСТАНОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Е УБИСТВО, за „Макстил“ се обезбедуваат материјални докази
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека засега не може да открива повеќе детали, бидејќи постапката е во почетна фаза.

– Не можам да кажам детали. МВР го класифицираше настанот како убиство, но сè уште сме во рана фаза – изјави Тошковски.

Безживотното тело на 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин беше пронајдено во саботата, на 21 ноември, на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на Смилковци. Случајот бил пријавен во полицијата во 6:15 часот. При прегледот на телото била забележана прострелна рана во пределот на ногата.

Во непосредна близина бил пронајден неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Министерот Тошковски воедно информира дека во случајот „Макстил“ се обезбедуваат материјални докази за постапката која се води во Јавното обвинителство.

Тошковски притоа не прецизираше дали станува збор за еколошки или економски криминал.

– Постапуваме по наредба на Јавното обвинителство. Се обезбедуваат докази кои што со Јавното обвинителство биле утврдени дека треба да бидат обезбедени. За сите чекори кои ќе следат во иднина навремено ќе ја информираме јавноста – рече министерот Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk