logo
logo
logo

Македонија на FIRST Global Challenge - НАЈГОЛЕМАТА ОЛИМПИЈАДА ПО РОБОТИКА

Vecer | 07.10.2026

Македонија на FIRST Global Challenge - НАЈГОЛЕМАТА ОЛИМПИЈАДА ПО РОБОТИКА

Македонското знаме се развеа во Јужна Кореја! Македонскиот национален тим денеска, во Инчеон, Јужна Кореја започнува со својот настап, каде ќе ја претставува Македонија на FIRST Global Challenge - најголемата олимпијада по роботика која ќе се одржи од 7 до 10 октомври 2026-та година.

Оваа година олимпијадата има за цел да одговори на актуелен глобален предизвик. Преку натпреварот учесниците имаат задача на симболичен начин да го решаваат проблемот со дивите пожари користејќи ја роботиката. Роботот кој го конструираа, треба да извршува мисии на теренот кои симулираат гасење пожари, спасување на ресурси и справување со оваа природна катастрофа.

FIRST Global Challenge секоја година обединува млади луѓе од над 190 држави во светот. Оваа олимпијада промовира меѓународна соработка преку науката и технологијата. Преку заедничко решавање на реални проблеми учесниците учат како да ги користат своите вештини за градење соработка помеѓу различните нации со фокус на тоа дека глобалните проблеми бараат заеднички решенија.

Историјат на успеси и континуиран раст 

Почетоците на националниот тим датираат од 2019 година, и оттогаш тој континуирано се развива преку колективниот труд на генерации млади таленти. Во 2022 година тимот оствари значаен резултат освојувајќи бронзен медал во конкуренција од над 190 држави. Континуитетот на добрата работа беше потврден и минатата година на олимпијадата во Панама каде што македонските претставници беа наградени со две меѓународни признанија. 

Подготвени за светската сцена 

Тимот е подготвен да ја претстави нашата држава на најголемата светска сцена докажувајќи дека македонските млади иноватори имаат знаење визија и капацитет рамо до рамо со најдобрите во светот да креираат решенија за подобра иднина.

Тимот кој ја претставува Македонија годинава се состои од 2 ментори и 7 средношколци од различни средни училишта.

Ментори:

- Јаков Спировски

- Давид Маневски 

Средношколци:

- Марко Јанкулоски - СУГС Раде Јовчевски - Корчагин 

- Димитриј Митковски - СУГС Георги Димитров

- Бодан Николов - ПСУ QSI

- Марија Стојчевска - СУГС Орце Николов

- Филип Милковски - СУГС Владо Тасевски

- Даниел Христовски - ПСУ Јахја Кемал 

- Тимотеј Николовски - СЕТУГС Михајло Пупин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk